АЈДЕ БАБЕЕЕЕЕ ИДЕ ЛЕТО ЌЕ СЕ ОДИ ПО ЖУРКИ НА ХАЛКИДИКИ : Укината мерката на претпазливост за Илија Димовски, судот му го врати пасошот

0
309

Апелациониот суд донел одлука да ја уважи жалбата на пратеникот Илија Димовски и да му ја укине мерката на претпазливост, стои во шестмесечниот извештај на Специјалното јавно обвинителство, објавен вчера.

„Постапувајќи по жалбата на обвинетиот Илија Димовски, Апелациониот суд на нејавна седница одржана на ден 19.10.2018 година донесе решение КСЖ-636/18 со кое жалбата на обвинетиот Илија Димовски изјавена лично, се уважува со што мерката претпазливост – привремено одземање на патна исправа се укинува, а на обвинетиот Илија Димовски му се враќаат одземените патни исправи“, соопштија од СЈО.

Димовски е обвинет во предметите „Титаник“ за изборни измами и „Талир“ каде е обвинет за кривично дело „перење пари“.