Се надевам дека политичките партии во Македонија разбираат дека растечката нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и НАТО многу тежок, вели шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер, јави Мета.
Пораката на Штајнмаер до партиите во земјава кои го потпишаа Договорот од Пржино за излез од кризата, попладнево ја објави германското министерство за надворешни работи на својот твитер-профил.