ЧОМБЕ ГО ИМА ПОСТОТ НА ДЕНОТ : АЈДЕЕЕЕЕ, ШТО ДОЧЕКАВМЕ ЛУЃЕ, СИТЕ ВМРОВЦИ И ЦЕЛО ВМРО ДА СЕ КРСТАТ НА БРАНКО!

0
2463

2002 срушено вмро. Победа со најголема разлика гласови. 2006 предадена власт на тацна, па победа на претседателски.

По желба😊, 2002, 2003 Бевме деца по 19,20 години. Можеби не ни одговараше такво раководење на партија од страна на 5 луѓе и 50 спонзори лижачи. До вас ни порака не можеше да се прати. А не па да ве види човек.Но продолживме претседателе.

Се вративте ,пробавме Отпор. До вас застанаа сите ваши партиски другари, функционери. Во втор ред ние. Минус беше ,гипс ладно. Не срушивме режим. Не можевме, или не сакавме сеедно…поради фамилијата се повлековте ко што памтам.

Вистината за Македонија. Вие без став. Револуција на улица. Вашите партиски другари и довчерашни браќа на улица. Вие не застанавте до нив. Останавте дома. Без поддршка без став. Преспански договор. Штама.

27 април. Обид за убиство врз вашите Зоки, Радмила, Оливер, Петре, Максим, Љупчо…и други. Ко што знам не сте ги прашале како се ни утре дента. Вашиот сон Македонија во Нато не го ни честитавте. За после 7 години да видиме дпмне како се крсти во Б.Ц.

Во хемиски процес нормално е од смрзнат да се одмрзнете. А не од смрзнат да дозамрзнете.

Фејсбук статус на директорот на Зоолошка градина, Ѓорѓи Галетановски – Чомбе.