- СДСМ ќе игра на картата на поделба во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, сега веќе нема да се прифати онаа варијанта да се извлечат осум пратеници и тие осум пратеници да гласаат за уставните измени бидејќи тоа е губитничка карта и за СДСМ и за идната владина коалиција.Сега или целото ВМРО ќе гласа за уставните измени или ќе се случи драматично кршење и драматична поделба на ВМРО-ДПМНЕ, тоа се анализите кои сега ги прават во власта.
Ќе се влезе во процес или ВМРО-ДПМНЕ да гласа топтан за уставните измени или ВМРО-ДПМНЕ да се подели и така поделен да гласа за европска перспектива или да гласа за европска изолација на Република Македонија.
Васко Ефтов во емисијата ,,Во Центар” на ЈутЈуб.