ФОТО ОД КОЕ ВМРОВЦИТЕ ЌЕ ПОЛУДАТ: ЗАЕВ НА ВЕЧЕРА СО ЗЕТОТ НА ТРАМП И СО ШЕФОТ НА ГУГЛ

0
5816

Премиерот Зоран Заев синоќа на маргините на Светскиот економски форум во Давос имаше работна вечера со повеќе економски и политички лидери од светот, меѓу кои и со Џаред Кушнер,, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп и со Кристофер Пел Лидел, советници на претседателот на САД Доналд Трамп.

На работната вечера, како што објави Заев на својот профил на ФБ, се сретнал и со Ерик Шмит, директор на Алфабет т.е фирмата мајка на Гугл, Хасан Али Кајре, премиер на Сомалија и со принцот Алберт од Монако.

„Поканата за вечерата ја добив од Борге Бренде, претседател на Светскиот економски форум и Џарод Коен, ЦЕО на Google Jigsaw. Ги запознав со реформите и со економските мерки, кои ги преземаме во Македонија“, напиша Заев.

Инаку зетот на Трамп, Кушнер е негова десна рака и раководи со над десетина сектори во неговиот кабинет!