Шарената револуција и денеска иако е викенд, на масовен протест.
Демонстрантите од пред СЈО се упатија кон Владата, каде во моментов „се чаталат“, односно ја гаѓаат со боја со помош на катапулти.
„Вие кривични, ние похрабри“. Тоа е главниот транспарент, односно пораката од денешниот протест на Шарената револуција.
Демонстрантите оставија испишана порака и на улицата пред владата каде напишаа „Обоени ви се деновите“.