МЕПСО СО АПЕЛ ДО НЕПОСЛУШНИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ : ДА НЕ ВИ ПАДНАЛО НИ НА ПАМЕТ ДА ГИ КРЕВАТЕ ВЕРТИКАЛНО МЕТАЛНИТЕ ЦЕВКИ ОД СИСТЕМИТЕ ЗА НАВОДНУВАЊЕ, МЕТАЛОТ Е ПРОВОДНИК СО ОГРОМЕН НАПОН КОЈ МОЖЕ НА МЕСТО ДА ВЕ ОТЕПА

0
731

Со цел непрекинато снабдување на Прилеп и околните населени места со квалитетна електрична енергија, а откако во изминативе денови се детектирани испади на 110 киловолтниот далекувод што ја поврзува трафостаницата Прилеп 1 со трафостаницата Битола 1 предизвикани од тоа што во близина на далекуводот се поставуваат системи за наводнување и распрскување МЕПСО апелира и предупредува: 

 Сите земјоделци во екот на сезоната за наводнување да бидат особено внимателни додека ракуваат со опремата за наводнување во близина на далекуводи од преносната мрежа!

– Не поставувајте прскалки за наводнување под проводните јажиња и во безбедносните коридори на далекуводите од преносната мрежа! Допирот на водниот млаз со проводните јажиња освен тоа што ќе го исфрли од погон 110 kV далекувод и ќе предизвика прекин во напојувањето со електрична енергија  може да биде кобен по живот на лице кои се наоѓа под трасата на далекуводот!

– Никогаш не поставувајте цевководни системи за наводнување под проводните јажиња во далекуводните траси!

– Никогаш не ги кревајте во височина (вертикално) металните цевки од системите за наводнување под проводните јажиња на далекуводите. Металот е проводник поради што се изложувате на огромен ризик по вашите животи! 

Не загрозувајте го сопствениот живот како и животите на сите што се наоѓаат во ваша близина! Воедно не загрозувајте ја доверливоста на електроенергетскиот систем!