Ова е врв на лицемерие од страна на власта и на локал патриотите, како на пример Александар Бичиклиски кој како советник на град Скопје мумла за двојазичноста додека позади него се наоѓа двојазична табла на град Скопје.
Иако ВМРО-ДПМНЕ е 11-та година откако владее со Македонија досега ги нема никаде во јавноста да се појават за да не дозволат или спречат двојазичност, двојазични табли и слично. Но сега е јасно дека ја изгубија власта па излегуваат со лицемерни прес конференции за двојазичност секој ден. Ова се само едни бедни и очајни епски шарлатани луѓе мои кои земаат дебели плати од буџетот, се што прават е тоа што се дебелат во вратовите како волови и ги подгреваат меѓуетнички тензии.