Наумов: Домашните кредитори да знаат дека не сум потпишал ниту една одлука во Министерство за финансии

0
867

Претседателот на Комисијата за финансии при СДСМ и дополнителен заменик министер за финансии Кире Наумов  денеска соопшти дека учесниците на домашниот пазар на капитал треба да ја земат предвид новонастанатата состојба  по, како што наведува, „укинатите одлуки и можноста да се укинат одлуки на дел од министерствата од страна на Владата за спроведување на изборите“.

Наумов посочува дека Владата за спроведување на избори за пратеници на седницата одржана на 14 април година повторно ги укинала сите одлуки во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, кои биле без согласност и потпис на дополнителните заменици министри.

„Преодната Влада за спроведување на избори за пратеници, на седницата одржана на 14.04.2016 година повторно ги укина сите одлуки во Министерството за внатрешни работи и Министерството за труд и социјална политика, кои биле без согласност и потпис на дополнителните заменици министри.

Уште еднаш ги известувам учесниците на домашниот пазар на капитал да ја имаат во предвид новонастанатата состојба и можноста во наредниот период Владата да ги поништи и одлуките во Министерството за финансии, Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои се без согласност од дополнителните заменици министри.

Во Министерството за финансии ниту една одлука донесена од страна на Министерот за финансии не му е доставена на Дополнителниот заменик министер за согласност и потпис.

Исто така потсетувам дека пред Управниот Суд во тек е постапка по тужба поднесена од моја страна, а во врска со задолжувањата на домашниот пазар на капитал.

Во пресрет на закажаната аукција на државни хартии од вредност по која нема доспеани долгови за враќање, сите наредни аукции, а  се разбира и веќе завршените, оваа  информација сметам  дека треба да ја имаат во предвид сите домашни кредитори, се вели во соопштението на Кире Наумов, Претседател на комисија за финансии при СДСМ.