Судскиот совет на денешната седница избра 28 судии во сите степени на судството, пополнувајќи ги огласите кои беа вотворени во 2015 година, а до сега не беа пополнети без објаснување, пренесе Сведок.
Тоа што се избираат судии кога веќе се најавени изборите за 11 декември, за претседтелот на Судскиот совет Зоран Караџоски не е никаква пречка бидејќи судската власт е самостојна и не зависи од политичките процеси.
-Јас сум против укажувањата и на Антикорупциската комисија да не се вршат избори на судии во време на распишани избори во земјата, бидејќи судството е независно и од тука, денешниот избор го сметам за целосно легитимен -изјави Караџоски по седницата.
На оваа седница се избираа судии од направени ранг листи и добиени поени според резултатите од работата, направените тестови за интегритет, психолошкиот тест и интервјуто. Овој избор е направен по области, па на самите огласи се знаеше какви судии се бараат по области: кривично, граѓанско, трговски, работни или друга материја.
Текстот во целост прочитајте го ОВДЕ