Британската опрема за следење, за чија набавка Бате Саше и тајфата украдоа над 860 илјади евриќи, била во „Телеком“, објави уште во 2013 канадска истражувачка група

0
2066

Опрема за следење електронски комуникации беше откриена во Македонија во мај 2013 година, набавена од британската компанија „Гама Интернешнл“, но, и покрај пишувањата во медиумите, остана мистерија која институција го нарачала. Серверот за команда и контрола на софтверот за шпиунирање „Финфишер“ на британската компанија беше со ај-пи адреса на Македонски Телеком, откри тогаш истражувачката група „Ситизен Лаб“  од универзитетот од Торонто, пренесува Сакам да кажам.

„Финфишер“ е легитимен софтвер за следење на интернет, кој „Гама Интернешнл“ го продава исклучиво на државни институции.

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека покренало истражна постапка под кодно име „Трезор“ против три раководни лица од Управата за безбедност и контраразузнавање и едно раководно лице од МВР со сомнение дека прибавиле имотна корист од правно лице регистрирано како ДТУ „Финзи“ во вредност од над 862.000 евра. Станува збор за, како што кажаа од СЈО, набавка на електронска и комуникациска опрема од Велика Британија.

„Доказите упатуваат дека прво, второ и третоосомничениот со цел да набават опрема за потребите на МВР- УБК, во име на УБК на РМ во Велика Британија во временскиот период од 07.07.2010 година до 09.07.2010 година оствариле состанок со претставниците на правно лице од Велика Британија и договориле набавка на електронска и комуникациска опрема и обука за користење на опрема од тоа правно лице, а за потребите на петтата управа при УБК“, кажа обвинителката Фатиме Фетаи.

На новинарско прашање дали се работи за „Финфишер“, обвинителката Ленче Ристовска ниту потврди, ниту негираше.

Софтверот „Финфишер“ се користи за шпионирање компјутери и мобилни телефони и по потреба може да преземе целосна контрола врз уредите поврзани на интернет.