Пратеникот од редовите на ДУИ Муса Ибраими за време на последната седница на Комисијата за финансирање и буџет одржана минатата недела, со потпис на списокот на пратеници потврдил присуство уште за двајца негови колеги кои не се појавиле на седницата, објави телевизија Шења.
Освен за него, пратеникот со различни пенкала на списокот на присутни пратеници ставил потпис и за неговите сопартијци Рамиз Мерко и Јамин Синани.
За сите пратеници кои живеат надвор од Скопје, Собранието ги плаќа трошоците за пратениците, но за да добијат пари тие треба да го потврдат присуството со потпишување на седница и фискални сметки од патарините.
Членовите на Собранието кои патуваат со автомобили со бензински горива, земаат надоместо од 18,3 денари по километар, или ако патувате со возило со дизел гориво тогаш следуваат 14,7 денари по километар.