БУБЕВСКИ : НЕМАШЕ НАМЕРА ДА СЕ ПРИКРИЕ УБИСТВОТО НА ТОТ, ЗБРКАТА СО ЛОШИ ИНФОРМАЦИИ НАСТАНА ПОРАДИ ЛОША МЕДИЦИНСКА ПРОЦЕНКА

0
829

Немаше намера за прикривање во случајот со смртта на ракометарот Денис Тот. Збрката со информациите настана поради лоша медицинска проценка, вели шефот на Основното јавно обвинителство – Скопје, Гаврил Бубевски, за хрватската телевизија РТЛ.

-Мислам дека воопшто немаше намера да се прикрие. Само сплет на околности. Мислам дека тоа беше лоша медицинска проценка и стојам на тоa. Моите најнови информации велат дека сè уште се трага по човекот кој го започнал сето тоа. Тој прв го удрил ракометарот, кој не се ни бранел, а подоцна другите двајца го удирале со нозе во главата. Еден сѐ уште е во бегство, изјавил Бубевски.

Ракометарот на Бутел, хрватскиот интернационалец Денис Тот почина во болница, откако беше нападнат од три лица пред дискотека во скопскиот Градски парк.