ВО СУШТИНАТА НА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР Е ПРИЈАТЕЛСТВОТО НА НАШИТЕ ДВЕ ЗЕМЈИ, ЗАЕВ ПО ДОБИВАЊЕТО НА НАГРАДАТА ЗА МИР НА ВЕСТФАЛИЈА: ПОСВЕТЕНИ СМЕ НА ВИЗИЈАТА ЗА БАЛКАНОТ НА 21-ВИ ВЕК, И ПОНАТАМУ ПОСВЕТЕНО ЌЕ РАБОТИМЕ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ИНТЕГРАЦИИТЕ ВО ЕУ

0
1043

“Огромна чест и привилегија е да ја добијам Меѓународна награда за мир на Вестфалија за 2020 година и што моето и името на мојот пријател Алексис Ципрас, ќе бидат додадени на долгата листа на добитници на оваа награда. Наградата е признание, но и обврска за сите наши идни политички одлуки да бидат посветени на европските вредности и мирот.

Како што Вестфалскиот договор не зборува само за мир, туку и за пријателство, така и во суштината на Договорот од Преспа лежи пријателството меѓу Република Северна Македонија и Грција содржано во Преспанскиот договор од 17 јуни 2018 година.
Со договорот се стави крај на спорот и долготрајната разлика што ги отежна соседските односи меѓу Северна Македонија и Грција и ги блокираше перспективите од клучен стратешки интерес за нашата земја, за регионот и за евроатлантските структури.
Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат наш заеднички приоритет и стратешка цел и продолжуваме да работиме кон остварување на нашите амбиции за интеграција во ЕУ.
Ние сме посветени на визијата за Балканот во 21 век, како регион на мир, стабилност и зголемена регионална соработка за економска корист и просперитет на сите граѓани.
Сега е време да се обединиме околу фактот дека историјата е важен дел од нашите идентитети, но визијата за иднината има посебно место во нашите срца.”
-ФБ СТАТУС НА ПРЕМИЕРОТ ЗОРАН ЗАЕВ