ВО РЕГИОНАЛНИ РАМКИ ИМАМЕ ЗАБРЗАНА ВАКЦИНАЦИЈА ДОСЕГА, ФИЛИПЧЕ: ЗА ПЕРИОД ОД 05.07 ДО 24.08 ГО ЗГОЛЕМИВМЕ БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ СО ПРВА ДОЗА ЗА 14%

0
1019

“Бележиме највисок напредок во регионот по број на граѓани вакцинирани со барем една доза. Во периодот од 5-ти јули до 24-ти август, бројот на барем една аплицирана доза на сто жители во земјата е зголемен за повеќе од 14%, што е највисок напредок во споредба со земјите од регионот и јасно укажува на зголемениот интерес за имунизација кај населението.

Зад нас се Косово, Албанија и Грција. Помал раст во вакцинација од нас имаат Босна и Словенија, а најмал напредок во регионот имаaт Србија и Бугарија. Зголемувањето на бројот на имунизирани граѓани значи и поголема колективна заштита, намалување на можноста вирусот да мутира и да се шири. Вакцинацијата е заедничка одговорност, а постигнувањето колективен имунитет е единствен начин да се стави крај на пандемијата и да се сочува јавното здравје.”
-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ