ЛЕСНО Е ДА ГО РАЗБЕРЕТЕ ЗАЕВ И НЕГОВИОТ МАЈНДСЕТ: ИМА ДВА ВИДА ПОЛИТИЧАРИ, ЕДНИТЕ СЕ СЕКОГАШ ВО ПРАВО, ДРУГИТЕ СЕКОГАШ ПРАВАТ ПРОГРЕС И ВЛЕЧАТ НАПРЕД КАКО МОЌНА ЛОКОМОТИВА!
Заев е од тие вторите. Тој не инсистира секогаш за се да е во право, и затоа не влегува во расправи со критичарите и не инсистира за него да се креира масивна пропаганда дека е митска фигура и личност од историски епски размери со ум и генијалност и безгрешност.
Но поради тоа, растоварен од тој товар, тој има повеќе маневарски простор и енергија и време да ја влече земјата напред како моќна локомотива.
Заев знае да погреши, знае да избрза, но во целина, тој и мисли добро на земјата, гео-стратешки е добро сетиран, има план и визија, но и енергија и нерви да го спроведе сето тоа во пракса.
Неколку дена пред финалното решение за името и пред конечната разврска за Македонија, треба сите да го вклучиме бољерот на најсилно – сега треба сите да сме фокусирани и да мислиме со главите а не со емоциите и срцето и да дозволиме да не фати паника, хистерија или инерција.
Сега треба сите да ги закопаме секирите, да се помириме за момент, и заедно да го истуркаме каменот на Сизиф конечно до врвот.
Сега му е мајката, дојде денот Д!!! ТРИУМФОТ НИ Е НА ДОФАТ, ПОСЛЕ СЕ ЌЕ БИДЕ ПОЛЕСНО!