Неделкова: Судски совет јавно да каже зошто не ми ги признава поените

0
1243

И покрај барањето на експретседателката и кандидат за претседател на Врховниот суд, Лидија Неделкова јавноста да присуствува на разгледувањето на приговорите од кандидатите за претседатели на судовите на денешната седница во Судскиот Совет, тоа не беше дозволено, објави НоваТВ.

– Кога веќе почнуваме транспарентно да се надмудруваме, требаше да ми дозволат да присуствувам на седницата, само на оној дел во кој се зборува за мене. Сакам да слушнам зошто не ми ги дале сите бодови на вонредното оценување. Сметам дека во вакви ситуации, особено кога самата ќе побарам треба да е јавно, треба да биде дозволено – вели Неделкова.

Претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџовски рече дека барањето на Неделкова да присуствува на седницата на која се разгледуваат приговорите е неосновано и дека секој кандидат кому не се допаѓа оценката може да поднесе претставка.