Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во писмо до претседателот Иванов истакнува дека политичките лидери во Македонија треба да се фокусираат на имплементирање на договорот од Пржино како рамка за одржливо решение на политичката криза.
– Изборите од 11 Декември биле есенцијален чекор кон решавање на кризата. НАТО не се инволвира во внатешните процеси во Македонија, ниту зазема страна. Но, имаме интерес да ги почитуваме политичките вредности и принципи на кои почива алијансата. Политичките лидери во Скопје се одговорни да го почитуваат исходот од демократските процеси и во краток рок да придонесат кон формирање на функционална и ефективна влада која ќе продолжи со итните реформи – пишува Столтенберг.
-Од Вас претседателе и од останатите политички лидери очекувам да го почитувате Уставот и демократските норми. Ги повикувам и партиите да се воздржат реторика која сугерира делби разгорува етнички тензии – пишува Столтенберг.