РУСКОВСКА ЗА 24 ОТВОРЕНО: НОВИНАРОТ ШТО ГО ОБЈАВИ ИСКАЗОТ САМ СЕ УЛОВИ, НИЕ НЕ ГО УЛОВИВМЕ

0
1299

Шефицата на организираниот криминал Вилма Русковска во денешното гостување во 24 Отворено, категорично тврдеше дека ОЈО не ги лови новинарите што објавуваат искази, но дека се знае што може да се објавува во медиумите, а што не. Во случајот на објавениот исказ во медиумите, Русковска потенцираше дека новинарот сам се уловил, а дека тоа не било од нивна страна.

„Точно се знае што новинар смее или не смее да објави. Во случајот со објавувањето на исказите, новинарот сам се улови, ние не го уловивме. Ние побрзавме со кривична пријава затоа што новинарот заслужи. Нашата улога е да делуваме превентивно како обвинители.“ – рече Русковска.

Во врска со барањето пари за исказот на Кичеец, Русковска објасни и од каде дошла информацијата за тоа од кој мобилен телефон дошло барањето.

„Телефонскиот број беше од мобилен оператор Лајка, ние ги провериме другите мобилни оператори и се уште немаме добиено одговор. Истражителите одеа во Лајка да видат до каде е работата и замислете тие немаа информации за корисникот на тој број. По закон се знае дека мора мобилниот оператор да има податоци за корисникот, а во Лајка немаат.“ – рече Русковска.