Питер Ван Хојте, холандскиот експерт на ЕУ кој ги помагаше преговорите меѓу 4-те партии напиша колумна на својот фејсбук профил:
Нов меѓник во нефункционалната демократија!
Замислете влада во која еден од коалициските партнери си поднесе оставка. Премиерот молчи за тоа. Претседателот на најголемата владејачка партија тврди дека тоа е внатре партиско прашање на тие кои дале оставка.
Според договорот од Пржимо, СДСМ требаше да добие неколку министерски места и заменички места за да ја контролира власта во врска со следните избори кои треба да се одржат.
Заклучок: Влада без ДУИ е влада без мнозиство во парламентот!
Што би требало да се случи во нормален демократски систем?
1. Премиерот прави прес конференција и ја известува јавноста дека пола влада му е во оставка и објавува дека има криза и дава решенија за истата
2. Премиерот оди веднаш во парламентот и поднесува оставка на својата влада која и онака пола е во оставка, или
3. Премиерот бара гласање за доверба за да види дали сеуште го има мнозинството во парламентот.
Фактот дека македонскиот премиер не реагираше воопшто, не е нормално за нормална демократска земја, затоа што секоја криза е негова одговорност! Фактот дека лидерот на владејачката партија ја презема неговата улога воопшто не е нормално и е многу загрижувачко, што е уште еден доказ дека државата е водена од партија а не од институции! Принципот за раздвојување на партијата од државата овде тотално е игнориран!
Во еден свој скорашен говор, претседателот на Македонија ја бранеше тезата за национален државен интерес, Да, во национален државен интерес е да се врати демократијата во земјата! Да, во државен интерес е граѓаните да ја бранат демократијата и да бараат од политичките партии на власт да ги почитуваат демократските принципи цело време!
Со очигледните случаи на непочитување на основни политички принципи, јасно е дека изборите нема да ја подобрат демократијата, туку ќе бидат погреб за она што еднаш било демократска земја!