ПДП бара од политичките партии што преговараа во разрешување на политичката криза во земјава да поддржат амнестија за осудените во „Сопот “ и во „ Монструм“.
Како аргументи за ваквото барање партијата се повикува на изјавите на „високи македонски функционери и функционери на НАТО за невиноста на осудените лица во случајот „СОПОТ“.
ПДП ја охрабрува Катица Јанева што побрзо да ги процесуира сознанијата за случајот „Монструм„, за како што вели, да одговараат пред законот лицата кои евентуално ги злоупотребиле нивните функции во овие случаи.