ЗАЕВ: ДОНЕСОВ ХРАБРИ ОДЛУКИ, НАРОДОТ МЕ КАЗНИ ЗА ТОА, ЗАТОА СИ ЗАМИНУВАМ ОД ПОЛИТИКАТА

0
1065

– Јас носев храбри одлуки за доброто на народот и државата но народот ме казни поради тоа. Затоа ќе се повлечам од политиката.

Си поднесувам оставка на местото премиер и лидер на СДСМ, прогресивните сили нека продолжат без мене да ја водат државата напред. Белким без мене ќе им биде полесно, затоа што народот сакаше мене да ме казни.

Ја понесувам целата одговорност за поразот на овие локални избори. Сметам дека народот треба да даде поддршка за политичарите кои носат храбри одлуки за доброто на земјата и кои не мислат на својата политичка фотеља. Народот гласаше за истите оние кои пред 4 години тргнаа да убиваат во собранието, некои од напаѓачите се сега и градоначалници и советници.

Затоа си давам оставка, јас после ова не може да останам во политиката. Се гордеам на сите донесени одлуки и на сите резултати, сметам дека ја оставам земјата во најдобра можна позиција од кога и да било.

Сметам дека не треба да има предвремени избори треба владата да си одработи до крај уште 2,5 години мандат за да го оствари она што го ветила.

Зоран Заев на денешната прес конференција по завршувањето на локалните избори во 2021-ва.