ПОРАКА ОД ЕВРОПСКИТЕ ЧЕЛНИЦИ : Европа мора да излезе посилна од оваа криза

0
922

„Како лидери на трите главни институции на ЕУ, нашите мисли денеска, пред се, се со сите оние кои ги загубија најблиските. Наша благодарност до работниците во суштинските дејности, кои продолжија да работат во текот на целата оваа криза. Оние кои се во првите редови во нашите болници и домови за нега на стари и изнемоштени лица, се борат да спасат животи, но и доставувачите, продавачите, полицајците, сите оние кои работат за да овозможат секојдневниот живот да може да продолжи. Благодарни сме и за духот на солидарноста и граѓанската одговорност што ја покажаа европските граѓани. Милиони кои волонтираат за да помогнат на кој било можен начин за време на кризата, било да се купуваат за постар сосед, да шијат маски за лице или собираат пари за да им дадат на оние што имаат потреба. Европа е најдобра кога покажува топлина и солидарност“, се наведува во изјавата.

Во текстот се посочува дека ЕУ храбро дејствувала за да овозможи единствениот пазар да функционира, со што се овозможи медицинската опрема да пристигне онаму каде на лекарите и медицинските сестри им беше потребна, респиратоприте да стасаат каде треба и храната и суштинските намирници да бидат на полиците во европските градови.

Тројцата европски лидери потсетуваат за трансформацијата на Европскиот механизам за стабилизација во инструмент за борба против Ковид-19, 100 милијарди евра за задржување на работните места, и поддршката која ја даде Европската централна банка за овозможување заеми со цел да не згаснуваат бизниси.

„Но треба да направиме многу повеќе. Бидејќи нашите земји-членки привремено и постепено ги укинуваат блокадите и ограничувањата, првиот приоритет мора да остане да се спасат животи и да се заштитат најранливите во нашите општества. Ние мора да продолжиме да правиме сé што можеме за да го поддржиме истражувањето за вакцина за коронавирусот. Успехот на Конференцијата за глобален одговор против коронавирусот од 4 мај, каде се собраа 7,4 милијарди евра и ги донесе под истиот покрив глобалните здравствени организации да работат заедно на вакцини, третмани и дијагностика, покажува колку брзо може светот да се обедини зад заедничка причина. Ние треба да ја одржиме оваа мобилизација и да го задржиме светот обединет против коронавирусот. Европа тука може да игра решавачка улога“, се вели во изјавата, во која се додава дека по грижата за своите животи, сега многу Европејци стравуваат за своите работни места. Челниците на ЕУ истакнуваат дека мора да се рестартира економскиот мотор на ЕУ.  – Во духот на Роберт Шуман, ние треба да препознаеме дека ни се потребни нови идеи и алатки за да ја поддржиме нашата обнова. Мора да прифатиме дека Европа после кризата не може и нема да биде истатата како пред почетокот на епидемијата, потенцираат Сасоли, Мишел и Фон дер Лајен.

„Нашата Унија мора да биде здрава и одржлива. Една лекација која ја научивме од кризава е тоа колку е значајно да се слушаат советите на научниците и да се преземе акција пред да биде доцна. Не можеме да ги оставиме настрана климатските промени и мора да ја изградиме наша обнова преку Европскиот зелен договор“, се вели во пораката.

„Ќе мора да се доближиме до граѓаните, да ја направиме Унијата потранспарентна и подемократска. Конференцијата за иднината на Европа, која требаше да почне денеска а е одложена поради пандемијата, ќе биде клучна во развивањето на таквите идеи“,наведуваат европските челници.

„Вчера ја одбележавме 75-годишнината од крајот на Втората светска војна. Секогаш мора да се сеќаваме на ужасите и варварството на војната и жртвите направени за да се стави крај на тоа. Денес, размислуваме за тоа што се случило следно. Да се потсетиме на генерацијата од 1950-тите, кои веруваа дека може да се изгради подобра Европа и подобар свет од урнатините на војната – и потоа продолжи да ја гради. Ако ги научиме тие лекции, ако останеме обединети во солидарноста и ги зачуваме нашите вредности, тогаш Европа повторно може да излезе од кризата – посилна од порано“, се наведува во изјавата потпишана од Сасоли, Мишел и Фон дер лајен по повод 70-годишнината од формирањето на ЕУ.