На 15 судски рочишта против мене имаше и БИСЕРИ. Среќа моја на повеќето не доаѓаа новинари, па тие БИСЕРИ сега се моја ексклузива. Меѓу другото, на рочиштата против мене по пат на видео конференција сведочеше од Белград, Драган Даравелски (го имам записникот!), а пред него сведочеше ,,големиот,, МИНЧО ЈОРДАНОВ…
Најурнебесен момент од сите кои влегоа во записниците беше кога ЈОРДАНОВ ја искажа оваа реченица (ВИДИ СЛИКА).
Прочитајте ја неколку пати и пробајте да разберете што бисер искажа. Да не употребувам потешки зборови. Ден денес се прашувам : како овој човек стигнал до таму до каде стигнал, беше и потпретседател на влада…
НАПОМЕНА : Целиот записник, наскоро …
Превземено од фејсбук групата на Зоран Божиновски