МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ : ЧЕСТИТ КУРБАН БАЈРАМ, СИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ДА ЖИВЕЕМЕ ВО МИР, СЛОГА И РАЗБИРАЊЕ

0
428
Почитувани,
Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски го честиташе
големиот муслимански празник Курбан Бајрам на сите граѓани од Исламска
вероисповед.
„Почитувани пријатели, празниците се за да се празнуваат, луѓето се
создадени меѓусебно да се сакаат и почитуваат, да живееме сите заедно во
мир, слога и разбирање. Различноста е таа која не спојува, која не држи
заедно да се грижиме и да си помагаме меѓусебно. Од мое лично име и од
име на Општина Куманово го честитам големиот муслимански празник Курбан
Бајрам на сите граѓани од Исламска вероисповед, да сте ми живи и
здрави“, потенцира Димитриевски.