СДСМ ЦЕНТАР ПОДЕЛИ ХУМАНИТАРНИ ПАКЕТИ ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ КУРБАН БАЈРАМ

0
480

СДСМ Центар подели хуманитарни пакети по повод празникот Курбан Бајрам

Денеска по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам, Општинската Организација на СДСМ Центар подели хуманитарни пакети наменети за социјално ранливите семејства од подрачјето на општината.
Во духот на солидарноста, хуманоста, заедништвото и негувањето на добри меѓусоседски односи, Општинската Организација на СДСМ Центар ќе продолжи со вакви хумани акции со цел секое семејство да помине пристојни празнични денови.
Воедно, Општинската Организација на СДСМ Центар на сите верници од исламска вероисповед им го честита празникот и им посакува среќни празнични денови во мир и слога.