Меѓу приведените за настаните од Собранието на 27 април, приведен е и прилепчанецот Јане Ченто кој заедно со Чавков, Богдан Илиески, Дурловски и Ќосето од Велес окрка 30 дневен притвор.
Јане Ченто, инаку е претседател на македонското патриотско здружение “Пере Тошев”, тој бил приведен вчера утрото, а информацијата ја потврдија и од здружението на нивната Фејсбук фан страна.
Во обвинението покренато против него стои дека Јане Ченто кој насилно влегол во Собранието подоцна во прес салата го туркал и го влечел лидерот на СДСМ Зоран Заев и физички го нападнал удирајки го со нога во пределот на стомакот.