Изјава за медиуми,
Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Скопје, 26.11.2018
Денеска мнозинството пратеници предводено од СДСМ во Собранието не го прифати предлог законот за Амнестија предложен од дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за насилствата во Собранието од 27 април.
ВМРО-ДПМНЕ бараше за мрачните случувања против демократијата и против граѓаните да бидат ослободени од одговорност сите насилници. Тоа е недозволиво.
Ставот на пратениците од СДСМ е јасен: Одговорност за насилството на 27 април мора да има.