🏗Нов ден и реализација на уште едно мое ветување, нова капитална инвестиција.
Уште еден ден исполнет со среќа и радост.
На барање од граѓаните, а на мое инсистирање и проследување на барањето до надлежните од централната власт, денеска започна рехабилитацијата на патниот правец Робово – Муртино.
И оваа инвестиција тешка околу 50 милиони денари е плод на добрата соработка што ја имаме со владините институции и ресорните министерства.
За неполна година од мојот мандат во соработка со Министерството за транспорт и врски, ја завршивме фекалната канализација во Банско од 800.000 евра, а во Градско Балдовци ќе го реализираме моето изборно и програмско ветување со објавување на втората јавна набавка за фекална и атмосферска канализација.
Ова е начинот на којшто треба да функционираме. Оваа влада има слух за потребите на граѓаните, а ние градоначалниците колку и да сме идеолошки различни, треба да работиме за граѓаните.
Од срце за мојата Струмица ❤️
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.