Државниот секретар во германското МНР, Рот: Без услови за „европски“ избори, ЕУ сигурно ќе препорача нивно поместување

0
1013

Нема попуст за македонското раководство поради можната улога во бегалската криза, вели Михаел Рот, државен секретар во германското МНР, одговарајќи на прашањето на Дојче веле, може ли Европа, само поради сопствените моментални интереси и спротивно на своите принципи и барања од земјите-кандидатки за членство, да „замижи на едно око“ во однос на македонското раководство?

– Не. Нема политички попуст кај прибилжувањето кон ЕУ. Тоа не значи дека ние не нудиме никаква помош по прашањето за бегалците. Со оглед на драматичната ситуација и во иднина ќе биде решавачко блиско да се соработува со земјите од Западен Балкан. ЕУ, а и Германија сосем конкретно ја поддржуаат ПЈР Македонија. Тоа е израз на нашето признание за укажаната солидарност и истовремено апел до сите да бидат свесни за одговорноста – вели Рот, кој денеска престојува во официјална посета на Македонија.

Тој е дециден дека без услови за „европски“ избори, ЕУ сигурно ќе препорача да се помести датумот на нивното одржување.

– Со договорот од Пржино политичките сили се спогодија за возен ред за нови избори според европски стандарди. Сега сите одговорни во политиката се и обврзани конечно да дејствуваат и договорот брзо и целосно да го реализираат, така што новите избори би можеле да бидат спроведени соодветно на европските стандарди. Ова барање посебно е насочено кон владата. Таа има посебна одговорност за доброто на земјата и за натамошното приближување кон ЕУ. Не смее да попушти ангажманот за исполнување на обврските. Тоа е нашето јасно очекување. Доколку Комисијата на ЕУ процени дека кон крајот на април сé уште не се можни фер избори според европски мерила, таа сигурно ќе препорача поместување на изборите – вели Рот во интервју за Дојче веле