Деновиве ги гледав веб-страниците на бугарските општини и доволно е да се погледне објавениот список на избирачи за да се најдат многу интересни имиња на луѓе од Македонија кои стекнаа бугарско државјанство врз основа на декларираното бугарско потекло и се идентификуваа како етнички Бугари, пишува бугарскиот премиер Красимир Каракачанов.
Меѓу случајните имиња на кои наидов се, на пример Александар Николоски во Софија, Антонио Милошоски во Софија, Никола Мицевски во Ќусустендил, Стефан Андоновски – Ќустендил, Марија Андоновска – Благоевград, Љупчо Димовски – Ќустендил, Бојан Стојановски – Благоевград, Иван Јорданов – Ќустендил, Игор Здравковски – Ќустендил, Марија Петрушевска – Средец, Дајанчо Ефтимов – Благоевград, Здравко Трајанов – Благоевград, Александар Пандов – Средец, Петар Богојески – Обориште, Филип Петровски – Средец, Стевица Јанева – Петрич, Тало Груевски – Благоевград. Има многу други, но секој што сака може да провери за себе и за кое било друго лице, без оглед дали е од Македонија или не. Секој исто така може да провери кои се лицата за кои станува збор.