СДСМ: Сочувство и солидарност со граѓаните на Франција

0
919

„Делегација на СДСМ во состав, Рената Дескоска, пратеничка и потпретседателка на Собранието, и Тихомир Илиевски, член на Комсијата за надворешни работи на партијата, денеска се сретнаа со француската амбасадорка во Македонија, Лоренс Оер.

Претставниците на СДСМ уште еднаш изразија солидарност и поддршка до францускиот народ, како и сочувство до семејствата на жртвите од терористичките напади, изведени во градот симбол на светските цивилизациски вредности.

Амбасадорката Оер се заблагодари на изразите на сочуство, солидарност, поддршка и на пораките упатени од претседателот Заев во телеграмата до францускиот претседател Франсоа Оланд и францускиот народ.

Дескоска истакна дека во рамките на расположливите капацитети Македонија активно ќе продолжи со својот придонес во борбата против најголемата светска закана- тероризмот.

Претставници на СДСМ денеска се запишаа во книгата на жалост, отворена во резиденцијата на француската амбасадорка во Македонија, Лорен Оер“, се вели во соопштението на СДСМ.