„По ужасните разорувања кои ги предизвика Германија во Втората светска војна, за нас беше многу важно да бидеме повторно дел од Европа. И за Бугарија беше голем момент кога го пронајде патот до Европската Унија, и тука да се чувствува како дома. Мораме да бидеме фер кон оние кои толку долго ги вложуваат сите свои надежи и нивните национални напори кон можноста, да станат членки на ЕУ“, рече Шолц.
Германскиот канцелар и во Софија повтори дека Северна Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите „како ниедна друга земја“.
Претходно, на прес конференција во Скопје германскиот канцелар Олаф Шолц повеќе пати повтори дека Македонија ги исполнила сите услови и треба веднаш да ги почне пристапните приговори за членство во Европската унија. Тој на заедничката прес-конференција со премиерот Димитар Ковачевски кажа дека тој лично на Самитот ЕУ-Западен Балкан на 23 јуни, ќе се заложи да се откочи процесот поради ветото од Бугарија и да се одржи првата меѓувладина конференција.
Извор : СДК.МК