МЕГА СКАНДАЛ: Синот на Трајко Вељановски им се заканувал на жители на Ѓорче Петров дека ќе бидат претепани!

0
1631

Синот на висок функционер во државата, ни се закануваше, раскажуваат видно вознемирени жители на Ѓорче Петров тоа за што доживеале по сообраќајната несреќa, која се случила синоќа на улица 4 јули во Ѓорче Петров, објави А1он. 

Тие излегле да видат што се случува и да им помогнат на повредените. Еден од нив, медицинско лице, откако пружил помош, изреагирал дека ова се случува бидејќи се тргнати лежечките полицајци, за да може високиот функционер брзо да минува со службените возила.

Синот на функционерот, кој се затекнал тука и сам кажал кој му е татко, на граѓанинот му рекол: „Имаш среќа што не знам од чија страна се сега полицајциве, инаку парче ќе те направевме од ќотек. Ќе видите што ќе ви се случи“.

Единствен висок функционер кој живее во Ѓорче во моментов е претседателот на собрание, Трајко Вељановски. Ова е втор поголем инцидент со проблематичниот син на спикерот на собрание. Од снимките од бомбите на Заев имавме прилика да слушнеме како тој бил фатен на грчка граница со дрога во својот автомобил по случајот бил заташкан на високо дипломатско ниво со нашиот јужен сосед.