Со несмален интензитет продолжува градежната офанзива за уредување на патната инфраструктура во општина Прилеп.
Започнаа градежните активности за реконструкција на улицата „Трајко Николоски“, од новиот мост кај „Сточен пазар“ до улицата „Александар Македонски“, во должина од 400 метра и површина од 3.000м2.
Покрај коловозот, реконструкцијата опфаќа и изградба на велосипедски патеки, уредување на тротоарите како и целосно реновирање на паркот пред терминалот на ЈКП „Комуналец“.
Сите улици на кои во моментов се работи, се предвидени во Програмата на Општина Прилеп за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за 2021 година, усвоена од Советот на општина Прилеп.
Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.