Полицаецот од фотографијата кој ја даде својата залиха вода на двегодишното дете од Сирија : Погледот на детето кое бараше вода ќе го паметам цел живот

0
2086

11891140_10206473545571596_7864277328210848970_n

– Деновиве, додека бев во Гевгелија, бев сведок на многу драматични ситуации со бегалците, кои во настојувањата што побрзо да стигнат до ЕУ понекогаш реагираат бурно и нервозно. Ние како полиција реагиравме според сите наши овластувања.

policaec-1

Но тој поглед на малото дете од Сирија цел живот ќе го паметам. Кога детенцето се доближи до мене и буквално со погледот побара вода, видов дека гледа жално во мене и водата. Тогаш заборавив и на работа, и на должност, и на вера, етничка припадност, нација. Само сакав да му помогнам. Во малото уморно и исцрпено лице на двегодишното дете ги видов буквално сите страдања на илјадниците бегалци што во тие момент бараа што побрзо да ја напуштат границата. Детенцето се доближи до мене, се фати околу пантолоните и кога му го подадов шишенцето со вода си замина кај својата мајка – вели за Нова Македонија младиот полицаец Месуд Мемишоски од Прилеп кој деновиве стана познат по фотографијата на која на двегодишно дете од Сирија му дава вода.