ЗАЕВ ОД ОПШТИНА ГАЗИ БАБА ПРЕД НОВО ИЗГРАДЕНАТА ГРАДИНКА ,,ПЕПЕРУТКА” : ГОРД СУМ ШТО ОТВОРИВМЕ ПОВЕЌЕ ОД 250 РАБОТНИ МЕСТА ВО ДЕТСКИТЕ ГРАДИНКИ

0
964

Капиталните инвестиции во раниот детски развој и детската заштита се наши врвни приоритети. Денеска присуствував на отворањето на градинката „Пеперутка“ во Стајковци, со вкупно 6 занимални, со убаво уреден двор и со нова урбана опрема за рекреација, која има капацитет за 140 дечиња.

Децата од населените места Стајковци, Црешево, Булачани, Смилковци, Виниче, Раштак, Страчинци и Брњарци, од денеска ќе престојуваат во модерен и според сите стандарди функционален објект за оваа намена. Родителите нема да треба своите дечиња да ги носат до градинки кои се со километри оддалечени од нивните домови.

Горд сум што Општина Гази Баба во изминатиот период има отворено повеќе од 250 нови места во детските градинки, со изградбата на новата градинка „Пеперутка“, како и со проширувањето на капацитетите на градинките „Морковче“ во Јурумлери и „Калинка“ во Железара.

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев.