Дејвид Бекам (40) учествуваше во шоуто “Knock Knock Live” кое чука на вратите на сиромашните семејства и им дели пари, а покрај тоа добиваат и домашна посета од нивните омилени ѕвезди.
Бекам го посети домот на семејството Гонзалес. Виктор бил професионален фудбалер во Мексико кој морал да се откаже од омилениот спорт и да прифати работа како градежник за да го исхранува семејството. Своето семејство сега го гледа еднаш месечно.
“Ми раскажаа се за вашето семејство. Почестен сум што можам да бидам овде и да се сретнам со вас во вашиот дом”, му рече Бекам и му врачи на Виктор чек од 100 илјади долари. На шокираните и емотивни станари им подели и други вредни подароци.