ДА НЕ ГО МИСЛИТЕ ИЛЧЕТА, ПО 14 ГОДИНИ ПРАТЕНИК СЕ ПРИЈАВИЛ ДА ЗЕМА АПАНАЖА, ЗОШТО ОН ДА РАБОТИ НЕ ЗНАЕ, ТУКУ САМО ДА СПИЕ И ДА ЗЕМА ПЛАТА ОД БУЏЕТОТ

0
1920

Илија Димовски, кој 14 години беше пратеник во македонското Собрание, за Радио Слободна Европа потврдил дека ќе користи апанажа по престанувањето на мандатот. Поранешниот пратеник од ВМРО ДПМНЕ Илија Димовски го искористил законското право и поднел барање за апанажа.

„Без разлика што најчесто во јавноста во фокусот се послаби пратеници, во Собранието поминале многу квалитетни пратеници кои биле експерти во своите области, дали тоа е здравство, дали е економија или менаџирање со јавна администрација. Моето мислење е дека таа е солидна идеја, но не е нова, и треба да биде системска, а не по лично убедување на која било политичка гарнитура“ изјавил Димовски, коментирајќи ја идејата на премиерот Зоран Заев да се вработат пратениците кои остануваат без ангажман по завршувањето на нивниот мандат доколку не се повторно реизбрани.

Димовски смета дека само системско законско решение за вработување во државна администрација врз основа на критериуми како работно искуство, едукација и дополнителна доедукација ќе го реши проблемот и дека смислата на апанажата е луѓето да не бидат подложни на мито и корупција во процесот на одлучување додека се на функција.