ЈАКИ РЕФОРМИ, НАМЕСТО НОВИ ЛИКОВИ, СЕ НАГРАДУВА ЛОЈАЛНОСТА НА ГРУЕВИСТИЧКИОТ ПОЛТРОН ПАНДОВ: ВМРО-ДПМНЕ формира Патриотски институт, ќе го води Александар Пандов

0
791

Во текот на вчерашниот ден, доцна вечерта заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ при што се разгледуваше политичката состојба и се донесоа повеќе одлуки поврзани со делувањето на партијата, велат од опозицијата.

„Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост од историски најлошиот пад на БДП од речиси 13 проценти, како и од негативните трендови во економијата кои покажуваат дека Заев ја втурна земјава во рецесија.

Извршниот комитет ја потврди одлуката за протестен собир поради поскапувањето на цената на струјата и осиромашувањето на граѓаните. Заев и неговата мафија на власт донесе за граѓаните живот на вересија во исто време кога власта се богати на грбот на народот. ВМРО-ДПМНЕ бара враќање на старата пониска цена на струја и преиспитување на работењето на Регулаторната комисија.

Воедно Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе и повеќе кадровски одлуки како дел од процесот на кадровско доекипирање и катарза најавена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го именуваше Александар Пандов за претседател на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ кој се воведува согласно новиот демократски статут кој стапи во сила од неодамна. Пандов е долгогодишен член на партијата и поранешен вршител на повеќе партиски функции.

Извршниот комитет донесе одлука за именување и потврдување на мандатите на нови 14 претседатели на Општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ и тоа:

ОК Конче, Ацо Митов