ГО ПРИФАТИЈА ДИЛОТ КОЈ ИМ ГО ПРЕДЛОЖИ ЗАЕВ – Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ се откажа од потпретседател во Собранието

0
739

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во гостување во централниот дневник на Сител, вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да предложи потпретседател на Собранието, посочувајќи дека тоа е непотребен трошок кој што ќе го плаќаат граѓаните.

– Јавно кажавме од собраниската седница дека е премногу и дека е непотребен трошок сето ова што се прави. Впрочем ако видиме во минатото никогаш не било вака, дополнително само ќе се зголемат трошоците кои ги плаќаат граѓаните, а најголем од тие дури и да ги имаме 5 потпретседатели никогаш нема да седнат на спикерското столче – рече  Јанушев.

Јанушев рече дека кадрите кои што се понудени во составот на новата влада се стари и истрошени исти од претходниот состав од кои дел се поврзани со  криминални случаи.

– Ќе се спротивставиме на се ова што се обидува СДСМ да го направи повторно во државата. Го слушнавме Заев како кажува дека ова се убедливо најдобрите кадри со кои што располагаат, претпоставувам мислеше на тоа најдобрите кадри со кои што раководството на СДСМ сега располага, бидејќи речиси сите се истите од претходно, оние кои дел од она криминално рекетарска банда која што буквално ја уништи државата, и сега сакаат со буквално истите кадри да продолжат понатаму –  додаде Јанушев.