(ВИДЕО) СУДИЈАТА ОГНЕН СТАВРЕВ ПРИ ОБЈАВУВАЊЕТО НА ПРЕСУДАТА И КАЗНИТЕ ЗА ТНТ: ОБВИНЕТИТЕ И НИВНИТЕ АДВОКАТИ ГО ЗЛОУПОТРЕБИЈА ПРАВОТО СО ЦЕЛ ДА ГО ЗАСТАРАТ ДЕЛОТО НО УСПЕАВМЕ ДА ГИ СПРЕЧИМЕ ВО ТАА НАМЕРА! ДЕВЕТ ГОДИНИ ЗА ГРУЕВСКИ, А ТРИ ГОДИНИ ЗА ЈАНАКИЕСКИ ЗА РУШЕЊЕТО НА ,,КОСМОС”

0
1254

Обвинетите во случајот „ТНТ“, односно за уривањето на објектот Космос на бизнисменот Фијат Цановски, се виновни, истакна денеска судијата Огнен Ставрев, објавувајќи ја првостепената пресуда во Кривичниот суд.

Поточно, екс премиерот Никола Груевски е осуден на казна затвор од 9 години, а поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски, е осуден на казна затвор од 4 години. Додека пак екс министер Миле Јанакиески доби казна од 3 години затвор, а обвинетата Елизабета Најдовска од 4 години затвор.

Според пресудата осудените ќе треба солидарно да ја надоместат и нанесената штета на бизнисменот Фијат Цановски, во износ од 683.514.964 денари или над 11 милиони евра.

Судијата образложи дека во периодот од 1-ви април 2012 до крајот на истата година, тогашниот претседател на Владата, Груевски заедно со министерот за транспорт Јанакиески, одлучиле да му се одмаздат на Фијат Цановски, заради неговата одлука да ја напушти владината коалиција со партијата ПЕИ и склучил коалиција со СДСМ. Груевски и Јанакиески искористувајќи ја владејачката моќ го поттикнале Тони Трајковски да ја злоупотреби службената положба кој бил градоначалник на Гази Баба предложен од ВМРО ДПМНЕ и незаконски да го сруши Космос кој бил граден од фирмата на Фиат Цановски.

Судијата Огнен Ставрев за време објавувањето на пресудите за ,,Космос” изјави дека обвинетите на ова кривично дело како и нивните адвокати го злоупотребија правото со цел да го застарат делото но успеале да ги спречат во намерата.