ВЕТУВАЊАТА СЕ ПРЕТВОРААТ ВО РЕАЛНОСТ : КОСТАДИНОВ НАЈАВИ ТРАЈНО РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ПОПЛАВИТЕ ВО НИСКИОТ ДЕЛ НА СТРУМИЦА

0
608
Јас ветувањата ги претворам во реалност.

Од денеска започнавме со подготовките за трајно решение на проблемот со поплавите во нискиот дел на градот, односно, критичниот дел од улицата „Младинска“.

Формираме мултисекторско тело составено од членови на Советот, претставници на општински јавни претпријатија и државни институции и општинската администрација, тело кое пред себе ќе има сериозна обврска и максимално ќе се заложам таа да биде брзо и квалитетно исполнета.

Инженерите на ЈПКД „Комуналец“ веќе се на терен и ги прават првите испитувања за реконструкција на улицата „Младинска“, а со директорите на „Комуналец“ и „Струмичко поле“ го одржавме и првиот работен состанок.

Јас моето ветување ќе го исполнам, а од вас мои сограѓани барам, да ми верувате и да бидете трпеливи и вие да го дадете вашиот влог за чисти одводни канали.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.