(ВИДЕО) ПРИСТИГНУВАЊЕ НА КАМЧЕВ И ПАНДЕЛЕВСКИ ВО ЗАТВОРОТ ШУТКА, НОВИНАРИТЕ ГИ ОПКОЛИЈА СО КАМЕРИ И СМАРТФОНИ!

0
4642

Орце Камчев и Ненад Јосифовиќ пристигнаа во истражниот затвор Скопје откако судија на претходна постапка го прифати барањето на СЈО и им одреди 30 дневен притвор. Во затворот беа префрлени од скопскиот кривичен суд каде по полноќ им беше определен притвор по барање на СЈО.

За останатите тројца осомничени во случајот Империја има одлука, но се чека изготвување на решенијата и спроведување во притвор.

Ненад Јосифовиќ е еден од долгогодишните бизнис-партнери на Орце Камчев, кој уште од 2001 година работи како комерцијалист во „Орка спорт“, референт во „Орка холдинг“, Мала Богородица, фирмата „МОНТ“, „Кара“ – сите фирми поврзани со Камчев. Тој е десна рака на Камчев и воедно член на Надзорен одбор на Стопанска банка АД Битола.

По 30 дена притвор заработија Јордан Камчев, Ненад Јосифовиќ, Цветан Панделески, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски во слулајот на СЈО „Империја“, а се осомничени за неколку кривични дела, меѓу кои злосторчничко здружување, измама, перење пари, злоупотреба на службена положба… Ваквата инфомација ја потврдуваат и дел од адвокатите, но не е официјално потврдена, пренесе 1тв.

Распитите во кривичниот суд за истрагата на СЈО „Империја“ траеа околу четири часа. Но, се чекаше судијата на претходна постапка Весна Димишкова да ја донесе одлуката.

Иако беше последен донесен и не беше регистриран од медиумските каме, како првоосомничен, прв беше испрашуван бизнисменот Орце Камчев.

СЈО изврши претрес на 12 локации. Обезбедиле доволно докази за да се докажат кривичните дела.

Јaневa истaкнa декa oвaa истрaгa ќе се прoширувa, бидејќи пoстoјaт oбемни дoкaзи за овој случај.