Две експлозии одекнаа утрово околу 8 часот на бриселскиот аеродром Завентем.
Според првите информации кои се уште не се потврдени официјално, 13 лица загинале а 40 се ранети. Се уште исто така не е познато дали станува збор за терористички напад.
Белгиските власти одржуваат во овој момент специјален безбедносен совет и се очекува наскоро официјално соопштение.
Аеродромот е затворен а евакуацијата е во тек. Експлозиите се случиле во холот на заминување каде што се врши чекингот.