АРИЈАНИТ ХОЏА ОД БЕСА СО СТАВ ЗА ОДЕЊЕТО ВО ОПОЗИЦИСКИТЕ РЕДОВИ: СДСМ И ДУИ БЕА РЕШЕНИ ДА НЀ ЕЛИМИНИРААТ ОД ВЛАДАТА УШТЕ ПРЕД ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

0
732

“Мене ми е добро што им го расипавме филмот на коалиционите партнери СДСМ и ДУИ” – рече Аријанит Хоџа, генерален секретар на партијата Беса. која веќе е дел од опозицијата.

“Сега се враќам во ретроспектива што всушност се случи. Една поговорна вели “што има во домот, кажуваат децата”. Во вашите дебатни емисии тука кај Вас, Мендух Тачи истакна дека коалиционите партнери не ја гледаат Беса во иднината. Се сеќавате кога тој кажуваше дека Беса ќе излезе од Влада, нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе нѐ замени? Ова се зборови на Мендух Тачи. Филмот не беше нешто ново надвор од сценариото што им се случи на Алијанса за Албанците во 2017-та” – рече Хоџа во интервју за ТВ 21.

На локалните избори во 2017 година, СДСМ и ДУИ коалициски соработуваа во Струга и го поразија тогашниот струшки градоначалник Зијадин Села а потоа Алијансата за Албанците ја напушти владината коалиција. Според ова, Хоџа обвини дека целта на СДСМ и ДУИ била да го поразат лидерот на Беса, Билал Касами во Тетово и потоа да ја елиминираат Беса од Владата.