Датумот за преговори е признание за неповратниот европски курс на Република Македонија. Го заслуживме тоа. Лидерите на Европската Унија потврдија: Да, земјата го заслужува тоа!
Европскиот Совет прифати дека Република Македонија од заробена држава, киднапирана од авторитарен режим, за само една година направи пресврт.
Пред нас имаме конкретна цел. Сега нам ни преостанува самите да ја завршиме последната домашна задача и потоа гордо да влеземе низ портите на ЕУ.