Наместо надлежните институции, стружанец кому метерологијата му е хоби го предвидел силното невреме кое во саботата го зафати Скопје и околината. Сериозноста на состојбата ја увидел неколку дена пред невремето и за неа информирал на својот фејсбук профил, ново предупредување стружанецот дал шест часа пред да почне да врне, а неговиот апел за внимателност бил пренесен преку струшки веб портал.
Спротивно на истражувањето на младиот стружанец, од УХМР немаше никакво предупредување за големо невреме. Надлежната институција која располага со радари и други инструменти и која треба да ги предупреди граѓаните за временските неприлики тврдат – ова е природна катастрофа која не се предвидува.
И по неколку дена од страшното невреме граѓаните кои се надвор од загрозените општини се исплашени и гневни на актуелната власт поради тоа што не се води грижа за инфраструктурата и одводната мрежа.
Ново невреме Управа за хидрометоролошки работи најавува за четврток и петок. Се очекуваат врнежи од пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, а во петок се очекува и силен ветер со брзина и над 90 км/час.