ЛИБЕРТАС: Бесрамни лаги на (про)владините медиуми!

0
886

(Про)владините медиуми не запираат со лагите, манипулациите и тешките клевети кои секојдневно ги упатуваат кон сите што искажале било какво несогласување или сомневање во политиките на Владата. Денеска на мета се најдоа неколку портали помеѓу кои и Либертас, се вели во реакцијата на порталот.

(Про)владиниот портал Прес24 во сопственост на новинарите на Сител, Славица Арсова – Цаци и Александар Спасовски – Сарма, како и (про)владината телевизија Сител објавија тешка клевета за порталот Либертас и уште неколку портали.

„Фабриката за афери имала администраторски пристап до некои портали блиски до СДСМ, преку кои во изминатиов период се пласираа низа невистини во јавноста. Сител од извори во истрагата дознава дека во компјутерите на осомничените во фабриката за афери на СДСМ биле пронајдени и текстови подготвени за објавување на порталите под контрола на СДСМ“, пишува во текстот на (про)владините.

Целата реакција ОВДЕ