Викендот не поминал толку идилично за ВМРО-ДПМНЕ, како што се обидуваа да го престават владините мегафони. „Либертас“ дознава дека викендот на ВМРО- бил особено тензичен за претседателот на партијата Никола Груевски.
Поради неизвесноста која владее кај кадрите на оваа партија дека ќе ги изгубат изборите од една страна, но и поради стравот дека можат да бидат на „списокот на СЈО“, во ВМРО-ДПМНЕ како ретко до сега се бара место повеќе во кандидатските листи, за да се обезбеди пратенички имунитет. Во трката за пратенички имунитет, преку сигурно место на пратеничките листи, се вклучиле и 6 претседатели на ограноци.
„Либертас“ дознава дека поради оваа, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски бил толку нервозен, и во врвот на расправијата му се обратил на еден од нив, со зборовите дека полојална му е ДУИ и Али Ахмети, отколку тој и неговиот огранок.